YouTube неодамна ги зајакна мерките против блокирањето на реклами, затворајќи ги дупките кои блокаторите на реклами ги користеа.
Компанијата започна со експериментални мерки против блокаторите на реклами во 2023 година, пред целосно да ги засили во 2024. Сепак, неколку апликации – вклучувајќи го и Mozilla Firefox (и неговите екстензии) – ги користеа слабостите во заштитата на YouTube изминатите неколку месеци.
Сега тоа повеќе не е случај, според 9to5Google, бидејќи некои корисници кои претходно ги заобиколувале рекламите пријавиле дека веќе не можат да пуштаат видеа на YouTube, освен ако не го додадат сајтот на листата на дозволени страници во својот блокатор или целосно не го исклучат блокаторот.
Може да се претплатите на YouTube ако сакате да се ослободите од рекламите, но многумина не сакаат да платат. Кога компанијата првпат се обиде да ја воведе забраната за блокирачи, тоа предизвика масовно незадоволство меѓу корисниците.
Сепак, изгледа дека не се погодени сите корисници, бидејќи во југоисточна Азија и Европа блокаторите на реклами сè уште работат без проблем. Не е познато дали YouTube сè уште не ги применил промените во тие региони или програмерите на блокаторите веќе имаат ажурирани филтри.