Компанијата X (поранешен Twitter) ја претстави својата долго најавувана чат платформа која го трансформира системот на директни пораки во целосна messaging услуга, слична на WhatsApp, Telegram или Signal.
Новиот систем овозможува видео и аудио повици, испраќање фајлови, уредување и бришење на пораки, како и безбедносни функции како end-to-end енкрипција и известувања кога некој направи screenshot.
Функцијата, едноставно наречена Chat, веќе е достапна за iOS и веб, додека Android верзијата ќе следи наскоро. Компанијата најави и нова опција за кратки аудио пораки (voice memo).
Почетната верзија на енкриптирани пораки беше лансирана порано оваа година, но во мај функцијата привремено беше “паутизирана” поради технички проблеми. Сега, ограничувањата се отстранети: групните пораки и медиумските содржини можат да бидат енкриптирани, иако метаподатоците за примателите не се заштитени.
Сепак, X истакнува дека не обезбедува заштита од „man-in-the-middle“ напади, што значи дека во случај на компромитирање на разговорите од страна на злоупотребен вработен или судска наредба, корисниците тоа нема да можат да го забележат. Компанијата работи на нови алатки за верификација на автентичноста на шифрираните разговори.
