„Walk and talk” кампања за подигнување на свеста за менталното здравје кај младите

Кампањата „Walk and Talk“ има за цел да ја подигне свеста за менталното здравје кај адолесцентите и нивните семејства. Младите во прошетки низ природа разговараат за своите проблеми, како да им пристапуваат и како да ги решаваат. Надвор од просторот на социјалните мрежи, во една поинаква средина и опкружување, тие ја кршат стигмата и ги разбиваат табуата за менталното здравје.

Проектот е на иницијатива на Министерството за труд и социјална политика со поддршката на УНИЦЕФ, а во соработка со Институтот за добро владеење и евроатлантски перспективи и со извидиниците.

– Она што го правиме со овој проект и она што сакаме да го постигнеме е преку кратки прошетки заедно со младите и со експерт на тема ментално здравје да ја скршиме онаа стигма и она што е табу тема кај младите за менталното здравје. Колку е важно менталното здравје и што всушност преставува тоа за нив. Како го гледаат, како им пристапуваат на проблемите и на нивното решавање. Станува збор за 15 последователни настани и моментално чекаме на шеснаесеттиот, односно финалниот настан на иницијативата.

На почеток искрено не бевме свесни во што се впуштаме и каков исход ќе има. Како ќе реагираат младите, но со текот на време сфативме дека младите имаат потреба да зборуваат за ментално здравје и да им се објасни што е менталното здравје. Како да им пристапуваат на работите, како да гледаат на секојдневните ситуации, бидејќи голем дел од младите не се свесни што всушност преставува менталното здравје и што сè влијае на нивното ментално здравје. Преку оваа иницијатива ние всушност увидовме дека имаме огромен потенцијал на работа со млади особено во помалите места, во градовите кои имаат помал број на жители- вели Дарко Тошиќ, извидник.

Прошетката во природа им помага на младите да се релаксираат, да се опуштат. Едноставно, да  почувствуваат дека тоа е начин за ублажување на ситуацијата, на менталното здравје. Прошетката им помага да излезат од некои негативни чувства и од негативна ситуација, објаснува Дарко.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни