Протестите, предводени од студентите и поддржани од професорите, земјоделци и работници, траат од ноември минатата година, откако 16 лица загинаа во уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.
„Многу сум им благодарен на руските специјални служби кои секогаш не поддржуваат во борбата против обоените револуции, пред се со информации“, рече Вулин во интервју за руската државна новинска агенција РИА. „Тие знаат каква опасност и се заканува на Србија“, вели Вулин.
Протестите во Србија започнаа откако на 1 ноември 2024 година се урна настрешница на главната железничка станица во Нови Сад, при што загинаа 16 лица. Инцидентот предизвика масовни протести, предводени од студентите, кои побараа властите да сносат одговорност за трагедијата.
Демонстрантите ги обвинија властите за корупција и лошо менаџирање, што, според нив, довело до несреќата.
Протестите се проширија низ целата земја, а учесниците организираа 15-минутни блокади во спомен на 15-те загинати лица. Денеска беше соопштено дека починала и 16. жртва.