Во форма на законска иницијатива српскиот претседател Александар Вучиќ, ќе и предложи на Владата поинаку да распределува пари за факултетите и да се овозможи поголем број студенти да студираат на приватните факултети, финансирани од буџетот, јави дописникот на МИА од Белград.
„Сакам да го зајакнам приватниот сектор во Србија, сакам повеќе студенти да имаат право на буџетско финансирање на приватните факултети отколку што е случај денес“, рече српскиот претседател Александар Вучиќ најавувајќи го новиот закон „со кој поинаку ќе се распределуваат парите на факултетите“.
Тој посочи дека приватните факултети се покажале како стабилни и сериозни, како институции.
„Мислам дека треба да им помогнеме на приватните факултети и така ќе го разбиеме монополот што го имаат државните факултети“.