Вучиќ пушти во употреба тунел без дозвола, сега бара пред него да дежураат лекари и пожарникари

Денес, лекарите и медицинските сестри од Здравствениот дом во Чачак биле известени дека треба да почнат да дежураат пред тунелот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ помпезно отвори нова делница од автопатот Милош Велики, иако за тоа не биле минати сите потребни процедури.

Имено, на делницата Чачак – Пожега, отворен е и тунел „Муњино брдо“ кој се уште нема употребна дозвола и технички прием.

Тоа покрена лавина реакции во јавноста имајќи ја предвид трегаедијата со надстрешницата на железничката станица во Нови Сад при чиј што пад загинаа 16 лица.

Но, сепак Владата на Србија не се откажува од употребата на оваа делница.

Таа неодамна донесе уредба со која, како што некои толкуваат, се суспендира Правилникот за безбедност во тунели, со обврска да се обезбедат 24-часовни служби за итни случаи, пожарникари, полиција и брза помош.

Денес, лекарите и медицинските сестри од Здравствениот дом во Чачак биле известени дека треба да почнат да дежураат пред тунелот Муњино Брдо на новата делница од автопатот Паковраче – Пожега, неофицијално дознава агенцијата Бета.

Три медицински сестри се пријавиле за дежурство покрај тунелот, кое моментално е на доброволна основа, а ниту еден лекар сè уште не се пријавил.

Лекарите и медицинските сестри кои ќе бидат на смена до тунелот, исто така, ќе добиваат дневница, но лекарите сè уште не се информирани колку би изнесувала таа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни