Вучиќ: Секоја блокада е насилство, државата ќе избере момент кога ќе одговори

Во некој момент државата ќе го избере моментот кога ќе одговори на насилството. Сè додека можеме да толерираме насилничко однесување и насилство, добро е да им дозволиме да го покажат тоа, добро е луѓето да го видат. Во моментот кога веќе не ќе можеме да толерираме насилничко однесување и насилство, тоа ќе биде крај

Претседателот на Србија денес изјави дека секоја блокада е чисто насилство и насилничко однесување и дека граѓаните тоа сè повеќе го осудуваат и се противат на тоа, а дека државата во некој момент ќе избере кога ќе одговори на насилството.

Вучиќ, при посетата на работите за изградба на автопатот Е-763 „Милош Велики“, на делницата Прељина-Пожега, изјави дека не може да се брани некој да ја врши својата работа и дека луѓето гледаат дека тоа е насилничко однесување и дека од ден на ден се повеќе го осудуваат и се противат на тоа.

„Во некој момент државата ќе го избере моментот кога ќе одговори на насилството. Сè додека можеме да толерираме насилничко однесување и насилство, добро е да им дозволиме да го покажат тоа, добро е луѓето да го видат. Во моментот кога веќе не ќе можеме да толерираме насилничко однесување и насилство, тоа ќе биде крај“, изјави Вучиќ, коментирајќи го тоа што студентите во блокада најавија радикализација на протестите.

Одговарајќи на прашањето дали е точна информацијата дека во просториите на СНС било славје поради најновото истражување на јавното мислење, Вучиќ изјави дека синоќа добил омнибус истражување за кое, како што рече, разговарал само со потпретседателот на СНС, Милош Вучевиќ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни