Александар Вучиќ подготвува невиден преседан на српската политичка сцена, тврди дел од српската опозиција.
Имено, според заменик-претседателот на српската опозициска Партија за слобода и правда (ССП) Борко Стефановиќ моментално се разгледува опцијата Милорад Додик, кој по вчерашната одлука на Апелациониот совет на Судот на Босна и Херцеговина повеќе не е претседател на Република Српска, да биде кандидат за претседател на Србија на следните избори.
Тој за телевизија „Нова С“ изјави дека за тоа „сериозно се преговара“, бидејќи сегашниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, нема да може повторно да се кандидира за функцијата, бидејќи му истекува вториот мандат.
„Вучиќ сака да биде премиер, да се врати на функцијата премиер, го подготвува Милорад Додик, бидејќи има српско државјанство, а сега не може да биде претседател на Република Српска“, рече Стефановиќ.
Зборувајќи за протестите во Србија, тој оцени дека појавувањето на Вучиќ синоќа пред просториите на владејачката Српска напредна партија (СНС) во Белград каде што во протестите беа скршени прозорци, апсењата без основа и тепањата млади луѓе, претставуваат „обид за продолжување на непрогласената вонредна состојба“.
Стефановиќ верува дека репресијата на властите ќе се интензивира, а тие ќе се обидат секого што излегува на протести да го подведат под терминот „тероризам“, кој е многу широко дефиниран во законот.