Втор отворен повик на Младинскиот културен фонд на Западен Балкан

Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и „Младинскиот културен фонд на Западен Балкан“ распишуваат втор отворен повик за проекти кои ќе придонесат за подобрување на регионалната соработка на културните работници и ќе овозможат иновативни начини на спроведување на различни културно-уметнички активности кои би имале регионална компонента и би придонеле за интеркултурно учење и дијалог, градење мир и помирување.

Проектот има за цел да го поддржи активизмот на младите и оние кои работат со млади луѓе во областа на културата и иницираат креативни решенија за социјалните и политичките прашања во Западен Балкан, придонесувајќи за регионалната соработка, интеркултурниот дијалог, градењето мир и помирувањето. Проектот е финансиран од германското Сојузно Министерство за надворешни работи, а го спроведува Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO).

Во рамките на ЛОТ 1, Младинскиот културен фонд на Западен Балкан доделува грантови за уметници и културни работници од Западен Балкан. Во рамките на ЛОТ 2, оваа можност се проширува на невладините организации регистрирани во Западен Балкан кои работат со млади или во културниот сектор.

Вториот Отворен повик е од 11 Март до 11 Април 2024 та година

Повеќе информации и линк до повикот: https://www.rycowb.org/western-balkans-youth-cultural…/

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни