Судот дал непотпишано мислење, а немало евидентирано несогласување, пренесува CNN.
Одлуката, која уследи по предупредувањето од администрацијата на Бајден дека TikTok претставува „сериозна“ закана за националната безбедност поради нејзините врски со Кина, ќе дозволи забраната да започне во недела.
Но, има многу прашања за тоа како забраната би функционирала во пракса, бидејќи не постои преседан за американската влада да блокира голема платформа за социјални медиуми.
Во своето мислење, Врховниот суд призна дека за 170 милиони Американци, TikTok нуди „карактеристичен и проширен простор за изразување, ангажирање и комуникација“.
Сепак, судот рече дека Конгресот бил фокусиран на грижите за националната безбедност и дека, како што рекоа, тоа бил одлучувачки фактор во донесувањето на одлуката.
„Конгресот утврди дека откупувањето е неопходно за да се одговори на основаните грижи за националната безбедност во врска со практиките на собирање податоци на TikTok“, напиша судот.
Откако беше донесена одлуката, Трамп разговараше со новинарката на CNN, велејќи и дека тој е тој што ќе ја донесе одлуката.
„На крајот зависи од мене, па ќе видите што ќе направам“, рече Трамп.
Запрашан дали ќе се обиде да ја поништи забраната, Трамп повтори дека „ќе донесе одлука“.
Трамп, исто така, потврди дека разговарал со кинескиот претседател Си Џинпинг, велејќи дека имале „одличен разговор за TikTok и многу други теми“.