Врховниот суд му дозволи на Трамп да депортира стотици илјади венецуелски мигранти

Според медиумските извештаи, одлуката се однесува на околу 350.000 Венецуелци на кои им беше дозволен престој во САД врз основа на политика воведена од администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден

Американскиот Врховен суд вчера донесе одлука со која се дозволува депортација на стотици илјади венецуелски мигранти кои претходно беа заштитени од протерување. Со тоа, судот ја поддржа иницијативата на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за укинување на привремената политика на заштита.

Според медиумските извештаи, одлуката се однесува на околу 350.000 Венецуелци на кои им беше дозволен престој во САД врз основа на политика воведена од администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден. Заштитата им беше дадена поради политичката и економската нестабилност во Венецуела под водство на претседателот Николас Мадуро.

Министерката за домашна безбедност, Кристи Ноем, во февруари соопшти дека заштитата за одредена група венецуелски мигранти ќе заврши на почетокот од април. Меѓутоа, федерален судија во Сан Франциско го блокираше тој потег, по што администрацијата на Трамп се обрати до Врховниот суд.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни