Времето и стекнувањето навика за вежбање

Една неодамнешна студија објавена во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences покажа дека времето потребно за воспоставување навика во теретана е веројатно подолго отколку што би сакале, околу шест месеци, според истражувањето.

Студијата, предводена од истражувачи од Калтек, Универзитетот во Чикаго и Универзитетот во Пенсилванија, го истражувала формирањето навики користејќи алатки за машинско учење што го следеле однесувањето на илјадници луѓе. Студијата мери и колку време е потребно на здравствените работници да развијат практики за миење раце.

„Мислам дека има некои навики што се поавтоматски, а некои за кои е потребен повеќе напор. И мислам дека вежбањето е една од оние кои бараат повеќе труд“, рече Џејми Шапиро, професор по спорт и психологија на перформанси на Универзитетот во Денвер, кој не е поврзан со студијата.

За фитнес делот од студијата, истражувачите ги следеле шемите на записите од одење во теретана на 30.000 луѓе кои оделе во синџирот за фитнес, 24 Hour Fitness, во текот на 4 години. Резултатите покажале дека на луѓето им треба околу половина година за да воспостават постојана навика за вежбање.

Според Колин Ф. Камерер, директор на T&C Chen центарот за социјална невронаука и одлучувачка невронаука во Калтек, и автор на студијата, истражувачите измериле колку добро може да се предвидат посетите на една личност во теретана врз основа на долгата листа на променливи, вклучувајќи ги и временски интервал помеѓу посетите, нивната историја во теретана, колку месеци по ред оделе и многу повеќе.

Авторите сметале дека одењето во теретана е воспоставена навика доколку би можеле да предвидат кои денови од неделата испитаниците ќе одат во теретана врз основа на податоците што ги собрале од сите променливи што ги измериле.

„Според нашите податоци, колку често луѓето одат и дали одат предвидливо, варира. Во просек, тие поминуваат 22% од деновите – околу еден до два дена во неделата. Ако имаме навика значи дека можеме да предвидиме што ќе биде тие еден или два дена. Ако не можеме да предвидиме кои денови ќе одите, тогаш тоа го дефинираме како немање навика“, додава тој.

Извор: caltech.edu

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни