По 31 година од првото појавување на сцената, Т.Б. Трачери ја објавуваат својата прва винил плоча „ГРЕЈТЕСТ ШИТС“. Овој албум е суров, искрен и духовит преглед на еден од најавтентичните македонски рокенрол феномени – група која ја претвори самоиронијата во уметност, а сарказмот во културно наследство.
Винилот ги спојува песните што мирисаат на подруми, летни бини и спонтани проби во гаражи, со звук на едно време кога ништо не беше совршено, ама беше вистинско и убаво.
„ГРЕЈТЕСТ ШИТС“ ќе биде достапен во лимитирано издание за колекционери и сите оние што сакаат да го слушнат звукот на бунтот – од игла, не од алгоритам. Единствено преднарачките (pre-order) по цена од 1.300 денари ќе бидат лично потпишани и нумерирани од лидерот на бендот, Кирчо, со бонус налепница.