Кинеската ВИ алатка „Дип сик“ само 20 дена по објавувањето привлече повеќе од 30 милиони активни дневни корисници и го зазеде првото место на ранг-листите на најпопуларни апликации во 140 земји, пренесува „Глобал Тајмс“.
Според истиот извештај, Кина бележи сè поширока примена на технологијата за вештачка интелигенција, како во индустријата, така и меѓу корисниците. Во индустријата, кинеските компании за развој на вештачка интелигенција направија напредок во производството на модели со стотици милијарди параметри и мултимодални функции, кои сè повеќе се користат во образованието, дизајнот, канцелариската работа и креирањето содржини.
До јуни 2025 година, бројот на интернет-корисници во Кина достигна 1,123 милијарди, додека бројот на корисници во руралните области се зголеми на 322 милиони, се наведува на веб-страницата на кинескиот портал.
