Скопје го врати споменикот на Ќосето – повторно пред „Континентал“

Во Скопје е повторно поставен споменикот на револуционерот Андон Лазов Јанев – Ќосето, отстранет пред неколку години од ексградоначалникот Петре Шилегов.

Споменикот со лик на Ќосето со кама в рака е поставен спроти кружниот тек кај хотелот „Континентал“, по одлука на Советот на Град Скопје донесена во декември 2023 година.

Градоначалничката Данела Арсовска на социјалните мрежи објави дека враќањето на обележјето е чин на признание за неговата саможртва и борба за слобода.

Андон Ќосето е контроверзна историска фигура, познат како ликвидатор на ВМРО.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни