Две од обвинетите како продавачки во билетарниците на ЈСП кај Зелен пазар и во Градскиот трговски центар уплаќале помалку од наплатените пари во готови, а третата правела книговодствени манипулации за да ја покрие неуплатената готовина од дневниот промет.
Тие се обвинети за продолжено кривично дело „проневера во службата“. Делото го сториле во период од 1 декември 2018 година до 5 август 2021 година. Според обвинителството, тие проневериле пари доверени во службата во вкупен износ од 23.133.245 денари.
Од обвинителството до судот доставиле предлог за изрекување на мерки на претпазливост за трите обвинети, односно забрана за напуштање на живеалиштето и повремено јавување на определено службено лице и одземање на пасошите.