Вработени во ЈСП „присвоиле“ 376 илјади евра од продажба на билети

Основното јавно обвинителство поднело обвинителен акт за тројца вработени во ЈСП Скопје кои во период од три години присвоиле околу 376 илјади евра од продажба на билети.

Две од обвинетите како продавачки во билетарниците на ЈСП кај Зелен пазар и во Градскиот трговски центар уплаќале помалку од наплатените пари во готови, а третата правела книговодствени манипулации за да ја покрие неуплатената готовина од дневниот промет.

Тие се обвинети за продолжено кривично дело „проневера во службата“. Делото го сториле во период од 1 декември 2018 година до 5 август 2021 година. Според обвинителството, тие проневериле пари доверени во службата во вкупен износ од 23.133.245 денари.

Од обвинителството до судот доставиле предлог за изрекување на мерки на претпазливост за трите обвинети, односно забрана за напуштање на живеалиштето и повремено јавување на определено службено лице и одземање на пасошите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни