Воздухот во Алпите не е чист: Дим од шумските пожари во Канада стигна до Европа

И покрај сончевото време, воздухот во швајцарските Алпи не е сосема чист и јасен. Причината за тоа е димот од големите шумски пожари во Канада, кој веќе пристигна и до Европа.

Според податоците на швајцарската метеоролошка служба MeteoNews, концентрацијата на ПМ честички на врвот Јунгфраујох во Алпите е над дозволеното и изнесува 57 микрограми на кубен метар. Оваа информација беше објавена на платформата X, а ја пренесе порталот SwissInfo.

Зголемената количина аеросоли е видлива и на сателитските снимки, а слаба магла е забележана и во местото Гемшток во кантонот Ури.

Според канадските шумарски служби, имало денови кога во Канада беснееле над 200 шумски пожари истовремено. Нивното ширење го поттикнале исклучително сувиот воздух и силниот ветер.

До крајот на мај, над 17.000 луѓе биле евакуирани, потсетува швајцарскиот портал. Димот се проширил и во САД, каде што во многу држави е забележано зголемено присуство на ПМ честички во воздухот.Tools

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни