Воз излета од шините кај Суботица: патниците евакуирани, истрагата е во тек

Патнички воз на релација Суботица–Белград излета од шините кај Бачка Топола. Патниците се евакуирани, а надлежните спроведуваат истрага.

Патнички воз кој сообраќал на релација Суботица – Белград излета од шините веднаш по тргнувањето од железничката станица во Бачка Топола, во Србија. Несреќата се случила кратко по поаѓањето, кога возот нагло закочил на делницата меѓу Ловќенац и Мали Иѓош, по што излетал од шините. Според првичните информации, не стигнал ниту до првата станица на рутата.

Србијавоз соопшти дека веднаш по инцидентот е прекинат железничкиот сообраќај на дел од линијата и дека патниците од возот биле префрлени во друг состав за да го продолжат патувањето кон Белград.

Патниците биле евакуирани пеш по пругата до најблиската станица, од каде продолжиле со други возови. Дел од патниците опишале дека почувствувале силно тресење и нагло сопирање пред да биде соопштено дека возот излетал од шините.

Надлежните служби започнаа истрага за причините за несреќата, додека железничкиот сообраќај на дел од трасата останува привремено прекинат.

Инцидентот предизвика реакции и во јавноста, при што дел од претставници на опозицијата во Србија побараа одговорност и објаснување за безбедноста на новоизградените и реконструирани делници.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни