Голем број повредени утрово се донесени на хируршките клиники во Скопје. Поради големиот обем на работа и тешките повреди, викнати се дежурни екипи и борјот на медицински персонал е зголемен. Голем дел од персоналот сам се понудил и дошол на работа. Состојбата велат е лоша. Повредени има многу а дел од повредите се тешки.
Дополнителен проблем е што дел од Интензивната нега се реновира и се прави простор за сместување на повредените.
Како што објави канал 5, во Градската болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје се хоспитализирани 27 лица со тешни изгореници, 24 на Клиничкиот центар, 18 во „8 Септември“, од кои двајца во критична состојба.
Меѓу повредените во Градска има и малолетници.
Пред болниците во скопје се наоѓаат роднини на повредините.