Volkswagen „паузира“ со нови електрични модели до 2026 – Што значи ова за иднината на електричните автомобили?

Автомобилскиот гигант Volkswagen (VW) објави дека нема да лансира нови електрични модели во 2025 година, поради тешката ситуација во која се наоѓа германскиот бренд веќе подолго време.

Главен проблем за VW се слабиот резултати од продажбата на електричните модели како што се ID.3 и ID.4. Но, делумно виновни за тоа се и земјите на Европската унија, кои ги елиминираа поддршките за купување електрични возила.

Последниот електричен модел што VW го лансираше беше варијантата ID.7 Tourer, првиот електричен караван. Лансирањето на овој модел се случи година дена по дебито на седан верзијата на електричниот Passat.


Новиот електричен модел на VW ќе се појави дури во 2026 година. Германскиот гигант има различен план и, како и сите други брендови, прво треба да ги продаде старите модели од залихи.

„Оваа година, Volkswagen ќе биде принуден да продава стари технологии нови купувачи“, изјави германскиот автомобилски аналитичар Matthias Schmidt за Bloomberg.

Најголемата грижа на VW сепак останува кинескиот пазар, каде што веќе се развиваат два нови електрични модела. Овие модели се развиваат во соработка со XPeng и се очекува да бидат претставени следната година. VW група се надева дека ќе ја зголеми продажбата во Кина од 2,93 милиони автомобили во 2024 на 4 милиони до 2030 година.

За Европа, VW своите карти ги става на 2026 година, кога ќе биде лансиран долгочекуваниот ID.2 – субкомпактен модел, помал од ID.3, со почетна цена под 25.000 евра.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни