Петтиот ден од американско-израелските напади врз Иран донесе нова ескалација на повеќе фронтови истовремено. Иран лансира 40 проектили, американска база во Катар е погодена, иранскиот воен брод потона кај Шри Ланка со над 100 исчезнати, а според регионални медиуми ЦИА ги вооружува Курдите за копнено востание кое се очекува наредните денови.
Ракетата удри во базата Ал Удеид – најголемата американска воена база во регионот. Катарското министерство соопшти дека нема жртви. Сателитски снимки покажуваат оштетен американски радар вреден 1,1 милијарда долари.
Над Кувајт трите американски авиони F-15E не ги урна непријателот. Грешката ја направи куваитски ловец F/A-18. Пентагон потврди и четворица загинати американски резервисти – сите од сојузната држава Ајова.
Кај Шри Ланка потона иранскиот воен брод ИРИС Дена со 180 морнари на борд. Над сто се водат за исчезнати.
Врховниот лидер Хамениј загина во почетните напади во сабота. Техеран избира наследник – меѓу главните кандидати е неговиот син Моџтаба. Израелскиот министер за одбрана Кац беше директен: кој и да биде избран – ќе биде цел.
Шпанија одби пристап до своите бази. Санчез рече „не на војната” и се повика на Ирак 2003. Трамп му заврати со закана за прекин на сите трговски врски.
Од 28 февруари во Иран загинале 1.097 цивили. Меѓу нив – 181 дете.