Воислав Димитровски нов директор на ЈП ,,Лајка”

Ова ќе биде втор пат Димитровски да биде на чело на ЈП Лајка Скопје откако во еден наврат беше директор во 2021 година

Град Скопје го назначи докторот по ветеринарна медицина Војислав Димитровски за нов в.д. директор на ЈП Лајка. Назначувањето доаѓа откако од функцијата по завршувањето на мандатот си замина досегашната директорка Радмила Пешева.

„Секој нов предизвик и дадена доверба ги прифаќам со максимална посветеност за да одговорам на предизвикот и да ја оправдам довербата. Одговорните политички субјекти во државата повторно ми ја дадоа довербата да раководам со ЈП Лајка во наредниот период.Во текот на последните 10тина години активно работам на тема благосостојбата кај животните во рамки на Македонија но и во околните држави. Целото стекнато искуство и мојата стручност во областа која како на домашно така и на меѓународно ниво ја имам стекнато, заедно со искуството на тимот од ЈП Лајка целосно ќе ги вложиме во управувањето на процесите за хуман третман на животните во рамки на градот“, вели Димитровски на социјалните мрежи.

Ова ќе биде втор пат Димитровски да биде на чело на ЈП Лајка Скопје откако во еден наврат беше директор во 2021 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни