Водоводџијата со идентитет од работничката класа надмина милијарда долари

Карактеристични црти во ликот на Марио се големиот нос, под влијание на западната анимација, и големите мустаќи, кои му дозволиле на Мијамото да го припише својот лик на италијанската етничка припадност. Она што е интересно е дека црвената капа е додадена за да се избегне дизајнот на челото, очите и особено косата, кои треба да ја менуваат формата при потскокнувањето, што би било голем предизвик за тогашните графички можности.

Новиот Super Mario Bros Movie ги собори рекорди во филмскиот бокс-офис за најуспешен старт на еден анимиран филм во глобални рамки. Продукцијата на филмот Super Mario Bros Movie, кој се базира на компјутерската игра, заработи 377 милиони долари ширум светот во првите пет дена од прикажувањето. Со тоа надминат е доскорешниот рекорд од 358 милиони долари кој го држеше „Фрозен 2“, па така се очекува тој да биде еден од првите пет анимирани филмови со најголема заработка на сите времиња.

Филмот „Super Mario Bros“ е официјално првиот филм годинава што ја преминал посакуваната пресвртница од една милијарда долари на глобалниот бокс офис, пишува Variety. 26 дена од првото прикажување адаптацијата на анимираната видео игра од страна на Universal, Illumination и Nintendo заработи 490 милиони долари во Северна Америка и 532 милиони долари на меѓународно ниво. Ова е само петти филм од ерата на пандемијата кој му се придружува на клубот вреден милијарди долари, по  „Spider-Man: No Way Home”, “Top Gun: Maverick”, „Jurassic World Dominion” и „Avatar: The Way of Water”.

Тој стана филм со најголема заработка дома и во светот во 2023 година, како и филм со најголема заработка досега за филм базиран на видео игра. Гласовите на хероите на овој филм ги позајмија Крис Прат, Ања Тејлор Џој, Џек Блек и многу други.

Продуцентите најавија дека Марио, Луиџи, принцезата Пич и многу други ликови ќе не запознаат со незаборавна приказна за пријателството, упорноста и љубовта, збогатена со луди авантури и уникатен хумор кој ќе ги насмее и децата и возрасните. За првпат, легендарните брендови  Illumination и Nintendo ги здружија силите за да го создадат филмот Super Mario Bros Movie. Според најавата, инспириран од светот на видео играта Марио на Нинтендо, филмот и пружа на публиката живописен и возбудлив нов универзум.

Додека работат под земја за реконструкција на водоводната мрежа водоводџиите од Бруклин, Марио и неговиот брат Луиџи влегуваат во магичен свет на мистериозни цевки. Но, бидејќи тие се разделени, Марио тргнува на епско патување во потрага по Луиџи. Со помош на ликовите од Mushroom Kingdom и принцезата Пич, Марио стекнува необични моќи.

Сепак, голем број од филмските критичари се со негативни оценки за најновиот аниминиран филм. Во својата статија Питер Бредшо од „Гардијан“, на пример, го нарекува „Super Mario Bros: The Movie“

„Досаден и површен“, коментираат оценувајќи го како разочарување во споредба со изданието од 1993 година со Боб Хоскинс во главната улога.

На престижната платформа Rotten Tomatoes, анимираниот филм собра само 56% одобрување од критичарите, но од друга страна, дури 96% од публиката. Илон Маск исто така не пропушти да го изрази своето мислење за прашањето за подемот на филмот, велејќи дека „критичарите се вон контакт со реалноста!“. „Холивуд Репортер“ пишува дека фановите очигледно не се толку заинтересирани рецензии и вистински доказ за тоа се рекордните бројки на приходи на бокс офисот.

Кој е Марио?

Инаку Марио е протагонистот на неколкуте видео игри поврзани со франшизата „Марио“ која ја поседува јапонската компанија Нинтендо. Ликот е воедно и маскота на компанијата и се појавува во преку 200 видео игри.Марио е создаден од креаторот на видео игри Шигеро Мијамото во раните 1980-ти. Марио е низок и набиен италијански водоводџија кој живее во Кралството на печурките. Неговите авантури најчесто се насочени кон спасувањето на принцезата Пич, која најчесто е грабната од негативецот – кралот Купа Баусер. Еден од најпојавуваните споредни ликови е и неговиот помлад брат по име Луиџи.

Франшизата Марио е една од најпродаваните брендови во видео игрите. На глобално ниво од игрите има заработка од над 210 милиони долари. Покрај добро познатата серија на видео игри со платформата „Супер Марио“, ликот е искористен во најразлични жанрови, како „Mario Kart“, „Mario Party“, „Mario Tennis“, „Super Mario RPG“ и многу други. Со текот на времето, франшизата се приспособи и на други медиуми и од неа се појавија ТВ емисии, играни филмови, стрипови и разни производи.

Шигеро Мијамото го создаде Марио додека ја развиваше легендарната игра Donkey Kong во 1980 година. Мијамото се обидуваше да создаде најпродавана и најуспешна игра на Нинтендо, откако претходните игри на компанијата не го постигнаа истиот успех што го направи Pac-Man’. Мијамато најпрвин го создаде херојот „Џампмен“,, кој подоцна се развива во Марио,  Donkey Kong и Полин. Во раните фази на создавањето на „Donkey Kong“, Марио не ја поседува неговата најголема вештина – скокот, а главната цел на херојот во играта беше успешно да излезе од сложениот лавиринт. Мијамото подоцна го го додава скокањето во вештините на ликот, водејќи се од прашањето „ако бурето се тркала токму кон вас, што би направиле?“.

Надалеку е позната легендата како јапонскиот креатор на игри го именувал својот лик. Според приказната за време на претставувањето на Donkey Kong на американската јавност, тогашниот сопственик на складиштето на американската филијала на Nintendo, Марио Сегал, влегол во голема расправија со тогашниот претседател на компанијата, Минору Аракава, околу задоцнетото плаќање на киријата. Вработените во Нинтендо го убедиле Сегал дека киријата ќе биде платена и инспирирани од овој инцидент го именувале ликот на Мијамото „Марио“. Една од причините за изборот на неговата професија е работничката класа да може да се идентификува со херојот.

Карактеристични црти во ликот на Марио се големиот нос, под влијание на западната анимација, и големите мустаќи, кои му дозволиле на Мијамото да го припише својот лик на италијанската етничка припадност. Она што е интересно е дека црвената капа е додадена за да се избегне дизајнот на челото, очите и особено косата, кои треба да ја менуваат формата при потскокнувањето, што би било голем предизвик за тогашните графички можности. Големиот нос и мустаќите се создадени со истата цел, да го скратат дизајнот на лицето и да му пренесат почовечки изглед на ликот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни