Делови од Хрватска под вода: Водостојот расте, а луѓето се очајни

Вонредна состојба за заштита од поплави е прогласена и за Уна на подрачјето на Хрватска Костјаница, бидејќи водостоите ја надминаа референтната граница од плус 450 сантиметри

Обилни дождови во Славонија создаваат големи проблеми. Во многу населени места, надојдената вода дојде до куќите. Количината на дожд која паднала досега е поголема од повеќемесечниот просек. Поголеми количини на врнежи се очекуваат и денес.

Најтешко е во деловите на Славонија каде во многу места куќите и објектите се под вода, но состојбата сепак се смирува. Фокусот се преместува на големите реки, бидејќи растат и Купа, и Сава, и Уна. Околу Сисак и Петрине нема поголеми проблеми. Во Карловака Купа за 24 часа водата пораснала за скоро 3,5 метри и прогласена е вонредна состојба. Водостојот на Корана пораснал за 3 метрии воведени се вонредни мерки.


Вонредна состојба за заштита од поплави е прогласена и за Уна на подрачјето на Хрватска Костјаница, бидејќи водостоите ја надминаа референтната граница од плус 450 сантиметри. Во заштитата од поплави учествувале повеќе од 600 пожарникари, според податоците на Хрватската пожарникарска заедница. Спасувале и мигранти во Славонија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни