Водици под мраз: сонце, суво време и утрински температури до -10°C

Во Скопје и околината, утрово температурата ќе се спушти до околу -4 степени, а во текот на денот ќе достигне максимални околу 6 степени, што ќе овозможи релативно пријатни услови за празничните активности, но со потреба од топла облека.

Водици годинава во Македонија ќе помине во знакот на стабилно, суво, но изразито ладно време, со сончеви периоди и вистински зимски температури. Територијата на земјата е под влијание на ладна воздушна маса која продира од исток и североисток, што ќе услови утрински мраз и минусни температури на повеќе места.

Утринските температури денеска ќе се движат од -10 до 0 степени, додека на повисоките и планинските предели тие ќе се спуштат и под -10 степени, создавајќи услови за силен мраз. Во текот на денот, и покрај сончевите периоди, температурите ќе останат ниски и ќе се искачат во интервал од -2 до 7 степени Целзиусови.

Во Скопје и околината, утрово температурата ќе се спушти до околу -4 степени, а во текот на денот ќе достигне максимални околу 6 степени, што ќе овозможи релативно пријатни услови за празничните активности, но со потреба од топла облека.

За време на празничниот ден Водици, ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец, кој дополнително ќе го засилува чувството на студ, особено во утринските часови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни