Јапонскиот синџир на пабови Yotteba мораше да ја прекине услугата за шамари за клиентите, откако еден од нив се пожалил дека е повреден. Yotteba е синџир познат по достапните пиво и пилешки крилца. Меѓу другото имаа услуга за која муштериите можат да добијат шамар од келнерката за 500 јени (малку повеќе од 3 евра). За дополнителни 100 јени гостите можеле да изберат која келнерка ќе им удри шамар. Оваа услуга, пишува Индипендент, првично била замислена како нешто што ќе им помогне на посетителите да се отрезнат по оброкот, а станала исклучително популарна.
На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како восхитените посматрачи им аплаудираат на оние кои го издржале шамарот. Но, еден гостин поднесе жалба и рече дека е повреден.
„Го правиме тоа во нашите ресторани повеќе од две години, но не мислевме дека е многу популарно“, изјави неименуван маркетинг претставник, додавајќи дека нивниот ланец всушност сака да го промени својот имиџ.
Услугата за шамари беше прекината пред два месеци, по поплака на повреден гостин. Услугата во синџирот Yotteba не беше прва од ваков вид во Јапонија. Имено, друг сличен синџир, Шачихоко-ја во Нагоја, имал ваква услуга во 2012 година. Гостите таму плаќале 300 јени за да добијат шлаканици од келнерки облечени во кимоно.
На социјалните мрежи неодамна повторно почнаа да се споделуваат видеа и слики од вакви бизарни услуги. Пабот добил толку големо внимание што морал да појасни дека се работи за услуга која претходно била прекината.
„Во моментов не нудиме шамари. Го цениме вниманието што го добивме денеска, но не можеме да прифатиме посети со намера да добиеме шамари“, најавуваат оттаму.