Безживотно тело тело на жена утрово е пронајдено во општината Зрновци.
Настанот го потврдија и од МВР и од Јавното обивнителство, а во моментов се уште се врши увид од страна на Јавен обвинител.
Од МВР соопштија дека полицијата излегла на терен по пријава од страна на граѓанин.
-Денеска (21.03.2026) во СВР Штип е пријавено дека околу 10:40 часот во с.Зрновци, во место викано Ѓошевски орев, во близина на зрновска река, е пронајден човечки леш, во фаза на распаѓање. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
За сега нема повеќе детали за случајот што ја потресе македонската јавност, особено по неколкуте случаи на фемициди кои беа регистрирани во последниот период/