Во Виена пронајдено оружје по апсење на осомничени припадници на Хамас во Германија

Осомничени се 36-годишен Германец роден во Либан, 43-годишен маж, исто така роден во Либан, чиј државјански статус првично бил нејасен, и 44-годишен Германец со потекло од Сирија. 

Австриските власти пронашле оружје во Виена во врска со апсењето на тројца осомничени припадници на палестинската милитантна група Хамас во Берлин.

Австриската служба за внатрешно разузнавање ДСН денеска соопшти дека се запленети пет пиштоли и десет шаржери.

„Ова складиште со оружје се поврзува со структури на терористичката организација Хамас кои дејствуваат во странство“, се наведува во соопштението на ДСН.

Германското федерално обвинителство соопшти дека човек кој неодамна бил уапсен во Лондон е осомничен дека презел контрола врз оружје што му припаѓало на еден од тројцата уапсени во германскиот главен град на почетокот на октомври, пренесе ДПА.

Според германските обвинители, примателот на оружјето исто така бил член на Хамас, а се сомничи дека се сретнал со осомничените двапати во Берлин минатото лето за да прими пиштоли и муниција.

Потоа тој го пренел оружјето во Виена и го складирал таму, според германските обвинители. „Делото служело како подготовка за обиди за убиства од страна на Хамас насочени кон израелски или еврејски институции во Германија и Европа“, наведе обвинителството.

Според ДСН, сопственик на складиштето со оружје е 39-годишен Британец. Тој бил уапсен врз основа на германска потерница и треба да биде екстрадиран во Германија.

Тројцата осомничени припадници на Хамас уапсени во Берлин се задржани во притвор по нивното апсење.

Според претходни информации од германското федерално обвинителство, тие се сомничат и дека набавиле автоматска пушка.

Осомничени се 36-годишен Германец роден во Либан, 43-годишен маж, исто така роден во Либан, чиј државјански статус првично бил нејасен, и 44-годишен Германец со потекло од Сирија. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни