Покрај градоначалникот приведени се и 33 други осомничени во рамките на истрагата на работата Општината предводена од опозициската Републиканска народна партија (ЦХП).
На 1 јули полицијата ги приведе градоначалникот на Измир, Тунџа Сојера, 20 опозициски општински претставници, како и покраинскиот лидер на ЦХП, Шенол Асланоглу поради наводна корупција.
Функционерите од општините контролирани од ЦХП во Истанбул и во други места се соочија со бран апсења оваа година, вклучувајќи го и градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој беше уапсен во март поради обвинувања за корупција, што предизвика масовни протести.