Во Тирана се гради „тетрис“ облакодер висок 140 метри

Португалското архитектонско студио ООДА ја започна изградбата на кулите Хора Вертикале во Тирана, град познат по својата урбана ревитализација и архитектонски иновации.
Фото: OODA

Проектот има цел да придонесе за овој динамичен пејсаж како мултифункционално „вертикално село“ од 55.000 квадратни метри, кое се издига 140 метри. Проектот е дизајниран да интегрира и зелен јавен простор од големи размери, исто така дизајниран од ООДА.

Архитектонскиот дизајн на кулите Хора Вертикале содржи композиција од дваесет наредени коцки, секоја со димензии 22,5 на 22,5 метри, распоредени на три различни висини. Оваа структура нуди флуиден и динамичен профил, нагласувајќи ја тековната трансформација и посветеноста на Тирана на модерните архитектонски практики. Со искористување на локалните ресурси, проектот планира да ја раздвижи економијата во регионот, зголемувајќи го ангажманот на заедницата со нејзината интеграција на зелениот јавен простор.

Фото: OODA

Првата фаза од проектот Хора Вертикале во Тирана вклучува изградба на тринаесет „расфрлани“ коцки, секоја по 22,5 метри на секоја страна, дизајнирани да му дадат на зградата динамичен и разигран изглед, истовремено рефлектирајќи ја просечната висина на зградите во Тирана. Замислено како „вертикално село“ со висина од 140 метри, структурата има цел да се интегрира во урбаното ткиво на Тирана и истовремено да служи како обележје што го отсликува карактерот на градот.

Последниве неколку години, Тирана се постави како град кој пречекува широк спектар на архитектонски иновации и експерименти, од премислувањето на бруталистички споменици, ревитализација на Пирамидата од Тирана, до визијата на Oppenheim Architecture за нов кампус за Колеџот на Европа, или Предлогот на Стивен Хол за експанзивен изложбен центар во соработка со уметникот Агњешка Курант.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни