Ова е првпат досега нов бран на силни временски непогоди да го прекине процесот на пребарување, кој започна на 4 јули, по поплавите што однесоа најмалку 129 животи.
Локалните власти соопштија дека повеќе од 160 лица сè уште се водат како исчезнати во округот Кер, кој е еден од најпогодените од природната катастрофа.
Пожарникарските тимови добиле наредба да го евакуираат коридорот на реката Гвадалупе во округот Кер сè додека условите не се стабилизираат, поради очекуваното зголемување на нивото на водата.
Потрагата и спасувањето се очекува да продолжат денес, доколку тоа го дозволат временските услови.
Националната метеоролошка служба предупреди дека нивото на реката Гвадалупе би можело дополнително да се зголеми поради најавените врнежи.
„Бројни локални патишта и мостови веќе се поплавени и претставуваат сериозна опасност“, соопштија од метео службата.