Во Техеран уапсена италијанска новинарка

Новинарката(29) е родена во Рим и е дописник на италијанскиот дневник „Фољо“. Има свој подкаст и работела за државната радиодифузна телевизија Раи.

Италијанската новинарка Сецилија Сала, која известувала од Иран, била уапсена на 19. декември од полицијата во Техеран, соопшти вчера вечер Министерството за надворешни работи на Италија, а пренесува новинската агенција АНСА. Сецилија Сала наводно се наоѓа во познатиот затвор Евин во главниот град на Иран.

Оваа новинарка (29) е родена во Рим и е дописник на италијанскиот дневник „Фољо“. Има свој подкаст и работела за државната радиодифузна телевизија Раи.

Министерот за надворешни работи, Антонио Тајани, изјавил дека Сала е во добро здравје и дека Италија работи на тоа таа да биде вратена во земјата, нагласувајќи дека е потребна најголема дискреција во врска со нејзиниот случај.

Министерството за надворешни работи соопштило дека „по наредба на министерот за надворешни работи Антонио Тајани, италијанската амбасада и конзулат во Техеран го следат случајот со најголемо внимание од самиот почеток“.

Тие исто така соопштиле дека италијанската амбасадорка во Техеран, Паола Амадеи, извршила конзуларна посета за да ги провери условите и состојбата на притворот во кој Сала е затворена, и дека семејството било информирано за резултатите од посетата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни