Во Техеран протести поради падот на локалната валута

Во Техеран избија протести поради наглиот пад на иранскиот ријал и растот на доларот, што предизвика притисок врз трговците и страв од поширока политичка нестабилност.

Во главниот град на Иран, Техеран, денеска избија протести поради девалвацијата на локалната валута – иранскиот ријал, јавува иранската агенција Фарс.

„Курсот на доларот, кој надмина 140.000 томани (1.400.000 ријали), како и сè поголемиот притисок врз деловната заедница, доведоа до два локални протеста во центарот на Техеран“, се наведува во извештајот.

Агенцијата предупредува дека овие акции би можеле да прераснат во нова поддршка за активностите на протестните ќелии во Иран.

Според Фарс, во изминатите два дена групи трговци и бизнисмени се собрале во трговскиот центар Чахарсу и на улицата Лалезар во Техеран.

Протестите се одржуваат поради острите флуктуации на девизниот курс и нивното влијание врз големопродажните и малопродажните цени.

Повикувајќи се на очевидци, Фарс објави дека меѓу околу 200 демонстранти се појавиле групи од пет до десет лица кои извикувале слогани „што ги надминуваат економските барања“.

Истовремено со протестите, Фарс јавува дека Марјам Раџави, лидерка на Иранската народна организација на муџахедините, повикала на „организирање синџири на протести“.

Според иранската агенција, целта на овие слогани и обидите за дестабилизација на општествената состојба во Иран е постигнување политичка нестабилност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни