Во светот на оптичките илузии: Втора конференција „Наука за деца“

Втората конференција „Наука за деца“ ќе се одржи во сабота (7 октомври) во училиштето „Нова“ во Скопје, а ја организира Фондацијата „Кантарот“. Конференцијата е наменета за деца од 7 до 12 години, а ќе почне во 9.30 часот.

– Ќе имаме серија работилници за светот на оптичките илузии и магијата на веројатностите; изложба на детски цртежи на тема „Научна фантазија“; доделување награди и признанија за најкреативните деца и најинспиративните наставници. Со други зборови, цел ден научна забава и забавна наука – вела од „Кантарот“.

Заинтересираните треба да ги пријавата своите деца на линкот, каде може да се информираат за програмата. За учеството на децата не се плаќа, но доброволно може да донирате на жиро сметката на Фондација „Кантарот“: 250-0010051639-69 (Шпаркасе банка).

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни