Украинската противвоздушна одбрана делувала рано изутрина во главниот град на Украина, Киев, против комбиниран напад на Русија со беспилотни летала и ракети. Reuters наведува дека сведоци известиле за низа гласни експлозии.
Дошло е до урнување на станбени згради, а во тек се потрагите за луѓето под урнатините. “Се слуша ѕвонење на мобилни телефони под урнатините. Потрагата ќе продолжи додека не стане јасно дека се пронајдени сите”, се наведува во изјавата.
Пожари избиле во гаражи, административни згради, а метални делови кои паднале погодиле возила.