Во Робевци отворена уникатна изложба на уметнички дела од сребрен микробарокен вез

На изложбата се изложени 33 микроекспонати, уметнички дела, рачно изработени на сребрени плочки, односно 33 уметнички дела сребрен накит

Во Куќата на Робевци во Охрид беше отворена изложбата на среброрез “33 Христос живот за спас на човештвото“, од охридскиот уметник Боро Митрески – Минта.

На изложбата се изложени 33 микроекспонати, уметнички дела, рачно изработени на сребрени плочки, односно 33 уметнички дела сребрен накит, кои ги симболизираат годините кои ги имал Исус Христос кога пострадал.

Уште една симболика на изложбата е што се случува на 33-годишнината од независноста на Македонија.

,,Боро Митрески – Минта е необична и богата личност. Необична затоа што врзува некои за многумина неспоиви дисциплини. Човек што службувал во безбедноста, најпрвин како сообраќаен инженер, а потоа во службата за борба против трговија со дрога и оружје во СВР Охрид, посветувајќи и се истовремено на фасцинантната страст, како онаа на каратето, на уметноста, на филигранската обработка на некои метали како златото, среброто, бакарот”, вели во рецензијата кон уметноста на Боро Митрески – Минта, Ефтим Клетников.

Ова е прва ваква изложба во Македонија. Изложбата на Боро Митрески – Минта во Робевци, ќе биде отворена за посетителите до 15 септември во периодот од 9 до 20 часот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни