Во ноќните напади на Газа загинаа над 100 лица, меѓу нив и 35 деца

Во израелските напади на Појасот Газа загинаа повеќе од 100 лица, меѓу нив и 35 деца. Болниците се преполни со жртви и ранети.

Во израелските напади на Појасот Газа во текот на изминатата ноќ загинале повеќе од 100 лица, од кои 35 деца, соопштија палестинските медицински извори.

Според податоците на агенцијата WAFA, од 20:00 часот синоќа до 10:00 часот утрово, болницата Ал-Шифа примила 27 тела на жртви, Ал-Мамадани 10, Ал-Авда 31, Ал-Акса 12, а болницата Насер 20 загинати Палестинци.

Меѓу загинатите и палестински новинар

Меѓу жртвите е и новинарот Мохамед ел Мунирави, кој работел за палестински весник и загинал во воздушен напад на кампот Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа.

На мета на нападите биле и населбата Ал Сабра, јужно од градот Газа, како и кампот Ал Шати, западно од градот.

Болниците преполни, недостиг на ресурси

Медицински извори потврдуваат дека болниците примаат сè повеќе мртви и ранети, при што постои сериозен недостиг од медицински материјали и тешкотии при транспортот на повредените, бидејќи возилата на итната помош не можат да стигнат до одредени подрачја поради постојаното бомбардирање.

Ескалација по наредба на Нетанјаху

Нападите следеа по наредбата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху до армијата да изведе силни удари врз Газа, обвинувајќи го Хамас за прекршување на примирјето што стапи на сила на 10 октомври, пренесе агенцијата AP.

Израелски извори соопштија дека Хамас отворил оган врз израелските сили во јужниот дел на Газа, што довело до нов бран напади и ескалација на насилството.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни