„Со оваа декларација, полицијата и вооружените сили добиваат овластување да регрутираат дополнителен кадар. Полицијата ќе прими уште 20.000 службеници, со што нивниот вкупен број ќе достигне 50.000“, се наведува во соопштението од кабинетот на Тинубу.
Нигерија, најнаселената земја во Африка, во последните недели се соочува со бран киднапирања, меѓу кои исчезнувањето на повеќе од 300 ученици и наставници од католичко училиште, како и десетици верници киднапирани од џамии.
Иако стотина лица досега се ослободени, голем број и натаму се водат како исчезнати.
Тинубу изјави дека ја овластил домашната разузнавачка служба веднаш да ги распореди сите обучени шумски ренџери, со цел да ги лоцираат и неутрализираат терористичките и бандитските групи кои дејствуваат од шумските области.
Претседателот неодамна прераспредели дел од полициските службеници ангажирани за обезбедување функционери, пренасочувајќи ги кон редовни полициски задачи.
Во соопштението се додава дека џамиите и црквите треба систематски да бараат засилена заштита од полицијата и безбедносните служби при верските собири, особено во подрачјата со висок ризик.
Извор: N1info.rs
