Во недела ќе се затвори потегот од Стара Рампа до Црвен Крст

Поради градежни активности на булевар „Македонија“, од раните утрински часови целосно ќе биде прекинат сообраќајот на делницата од Кисела Вода до семафорите кај Црвениот Крст.

Поради изведување градежни активности во рамки на проектот булевар „Македонија“, прва фаза, во недела од раните утрински часови целосно ќе биде затворен за сообраќај потегот од Стара Рампа во Кисела Вода до семафорите кај Црвениот Крст.

Како што информираат надлежните, затворањето е поради поставување на завршниот слој на коловозот. Од институциите апелираат до граѓаните да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да користат алтернативни сообраќајни правци, со цел да се избегнат дополнителни метежи и застои.

Според најавите, со реализацијата на оваа фаза се очекува да се подобри проточноста на сообраќајот, да се намали метежот и да се овозможи побезбедно движење по новиот коловоз.

Проектот булевар „Македонија“ е дел од пошироката реконструкција на сообраќајната инфраструктура во Скопје, а со неговата целосна реализација градот треба да ја добие и првата подземна сообраќајница.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни