Во напад со дрон запален танкер со милиони барели нафта – се стравува од еколошка катастрофа

Ирански дрон погодил танкер полн со сирова нафта во близина на Дубаи. Бродот се запалил, а постои ризик од големо излевање и еколошка катастрофа.

Танкер натоварен со сирова нафта се запали рано утрово откако бил погоден додека бил закотвен во близина на брегот на Дубаи, соопштија властите во Кувајт.

Бродот претрпел сериозни оштетувања, а неговиот сопственик предупредил на можност за излевање нафта во околните води.

Обвинувања за напад

Нападот, за кој Кувајт го обвинува Иран, се случил само еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги потресе глобалните енергетски пазари со закани за нови воени акции, јавува New York Times.

Трамп претходно изјави дека, доколку не се постигне договор, ќе нареди напади врз клучна инфраструктура и предупреди дека Иран мора да го отвори Хормушкиот теснец.

Танкер полн со нафта

Државната компанија Kuwait Petroleum Corporation соопшти дека танкерот „Al-Salmi“ во моментот на нападот бил целосно натоварен со сирова нафта. Според нив, станува збор за напад извршен од Иран.

Бродот се запалил и претрпел оштетувања, а постои реална опасност од излевање на нафта во морето.

Сепак нема повредени меѓу 24-члениот екипаж, пожарот е ставен под контрола, а подоцна е целосно изгаснат.

Властите во Дубаи соопштија дека реагирале на инцидентот во територијалните води на Обединетите Арапски Емирати.

Превезувал милиони барели

Според компанијата за следење TankerTrackers.com, танкерот превезувал околу: 2 милиони барели сирова нафта, околу 1,2 милиони од Саудиска Арабија и околу 800.000 од Кувајт.

Истиот ден, друг танкер во близина на Саудиска Арабија пријавил два одвоени инциденти, при кои проектили паднале во негова близина.

Бродот „Express Rome“ пријавил експлозии на околу 40 километри од Рас Танура, но екипажот останал безбеден.

Растечки тензии

Нападот се случува во момент на зголемен притисок од САД врз Иран, со цел да го натераат да попушти во врска со контролата врз Хормушкиот теснец – клучна рута за транспорт на нафта и гас.

Иран, пак, негира дека води сериозни преговори со САД и ги отфрла условите како неразумни.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни