Пред да излезе на улица и да им се заканува на полицајците осомничениот туниски државјанин нападнал четири лица, вклучувајќи го и менаџерот на хотелот и еден гостин.
Додека им се заканувал на полицајците, тој рецитирал стихови од Куранот и извикувал „Алаху Акбар“, објавува Disclose.TV.
Еден од полицајците прво употребил електрошок уред (ESP), но потоа пукал во човекот за да го неутрализира.
Жртвите претрпеле сериозни повреди од долг нож и сите со итна медицинска помош се однесени во болница. Три лица се во критична состојба, додека четвртото е во сериозна, но стабилна состојба.
РТС јавува дека мотивот за нападот сè уште не е официјално утврден, но полицијата не исклучува дека станува збор за терористички чин.