Во Марсеј Тунижанец повреди четири лица со нож

Четири лица се повредени во инцидент во хотел во центарот на Марсеј, кога напаѓач, извикувајќи „Алаху Акбар“, нападнал гости и персонал со нож. Напаѓачот, туниски државјанин под судски надзор и со забрана за носење оружје, бил убиен откако им се заканил на полицајците на улица.

Пред да излезе на улица и да им се заканува на полицајците осомничениот туниски државјанин нападнал четири лица, вклучувајќи го и менаџерот на хотелот и еден гостин.

Додека им се заканувал на полицајците, тој рецитирал стихови од Куранот и извикувал „Алаху Акбар“, објавува Disclose.TV.

Еден од полицајците прво употребил електрошок уред (ESP), но потоа пукал во човекот за да го неутрализира.

Жртвите претрпеле сериозни повреди од долг нож и сите со итна медицинска помош се однесени во болница. Три лица се во критична состојба, додека четвртото е во сериозна, но стабилна состојба.

РТС јавува дека мотивот за нападот сè уште не е официјално утврден, но полицијата не исклучува дека станува збор за терористички чин.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни