Во Македонија денес 10 пожари, пет од нив се под контрола

Центарот за упрвавување со кризи, информира дека денеска (18.07.2025) до 12:00 часот, во државата има вкупно 10 пожари на отворен простор

Од нив, пет се активни, а пет се под контрола

Активни пожари има во: Oпштина Василево во сечо Нивичино (нискостеблеста шума); Општина Аеродром: ул. Гаврил Константиновиќ (ниска вегетација); Општина Гази баба: Стрелиште Камник (ниска вегетација); Општина Прилеп : помеѓу селата Царевиќ и Смолани(мешана шума и ниска вегетација; Општина Прилеп – Кавадарци: помеѓу селата Никодин, Ракле и Фариш (ниска вегетација и ретка шума);

Под контрола се пожарите во: Oпштина Велес: кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци, еден крак кон село Иванковци, втор крак кон село Крушје (мешана шума); Општина Дојран: с.Николич (нискостеблеста шума) Општина Демир Хисар: Градска депонија (депонија) Општина Македонски Брод: помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација); Општина Илинден: с.Мршавци( ниска вегетација)

Инаку во текот на вчерашниот ден, поради силниот ветер и искрење на жиците од далеководите, избувнаа пожари во Скопскиот и Кумановскиот регион, а најсериозни беа пожарите кај Мршевци и Миладиновци, поради што во одреден период затворен за сообраќај беше и автопатот Куманово – Скопје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни