Во Љубљана, покривите на автобуските станици се претвораат во мали зелени градини

Иницијативата започна во 2020 година од Ботаничката градина на Универзитетот во Љубљана, со цел создавање зелена мрежа низ градот

Во Љубљана, покривите на автобуските станици се претвораат во мали зелени градини како дел од напорите за подобрување на квалитетот на воздухот и промовирање на одржлив урбан развој.

Иницијативата започна во 2020 година од Ботаничката градина на Универзитетот во Љубљана, со цел создавање зелена мрежа низ градот.Овие мини градини не само што ја разубавуваат урбаната средина, туку и создаваат важни живеалишта за локалните опрашувачи, како пчелите и пеперутките.

До крајот на 2025 година, проектот опфати 75 автобуски станици на 41 локација, а во блиска иднина се планира проширување на околу 80 станици.

Системот е дизајниран да биде целосно самоодржлив — не бара дополнително наводнување, ѓубрење или редовно одржување.

Иницијативата е дел од поширокиот проект Bee Path, кој има за цел да ја интегрира природата во урбаните простори и да ја подигне свеста за биодиверзитетот. Покрај заштитата на пчелите, зелените покриви придонесуваат и за намалување на ефектот на урбан топлински остров, за филтрирање на ПМ честичките од воздухот и за задржување на дождовницата.

Со ваквите решенија, Љубљана ја потврдува својата репутација како поранешна #EuropeanGreenCapital

Извор: Europe House

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни