Во која европска земја жените најдолго чекаат да станат мајки?

Просечно, жените во Европската унија стануваат мајки малку пред да наполнат 30 години, покажуваат податоците.

Европјанките се се’ подолго одлучуваат да имаат деца – и експертите велат дека нема знаци дека овој тренд ќе се промени наскоро.

Според последните официјални податоци, просечната возраст на првото мајчинство во ЕУ е 29,8 години, што е околу една година подоцна во споредба со пред една деценија. Во моментот, жените во Молдавија стануваат мајки на 24,7 години, додека во Италија просечно на 31,8 години.

Одложувањето на родителството не значи дека жените се откажуваат од децата. Некои од земјите каде што жените најдолго чекаат да станат мајки, како Данска, Германија, Ирска, Кипар, Холандија, Португалија, Шведска, Лихтенштајн и Норвешка, сепак имаат повисоки стапки на плодност.

„Станува збор само за чекање,“ вели Естер Лацари, демограф од Универзитетот во Виена, за Euronews Health.

Таа објаснува дека луѓето сè уште сакаат да имаат деца, а идеалната големина на семејството не се променила – се работи само за времето кога одлучуваат да станат родители.

Главните причини што Европјанките ги разгледуваат пред да имаат деца се завршување на образованието, финансиска стабилност и воспоставување стабилни партнерства, кои денес често се постигнуваат подоцна отколку порано.

Жените во Источна и Централна Европа обично стануваат мајки во средните или доцните 20-ти години, додека во Западна и Јужна Европа многу често чекаат до почетокот на 30-тите години.

Сепак, овој тренд на одложување на мајчинството е видлив низ цела Европа.

Одложувањето на родителството може да има здравствени последици. Поздното мајчинство ја зголемува шансата за проблеми со плодноста, па луѓето понекогаш не можат да имаат толку деца колку што сакаат.

Поради тоа, се зголемува и бројот на третмани за плодност во Европа – во 2021 година биле извршени повеќе од 1,1 милион циклуси во околу 1.400 клиники.

Сепак, овие третмани можат да бидат скапи и емотивно напорни, а во некои земји не се достапни за самохрани жени, хомосексуални парови или други групи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни