Протестите на студентите и граѓаните во Белград и Ниш, кои се одржаа во неделата, се последни од многуте протестни собири кои беа организирани по падот на надстрешницата во Нови Сад на 1. ноември.
Според податоците кои телевизијата Н1 ги добила од Архивата на јавни собири, граѓаните им оддавале почит на загинатите во трагедијата во сите делови на земјата, од најголемите градови на северот на земјата, Нови Сад, Суботица, преку главниот град, потоа Крагуевац и други места во централна Србија и Шумадија, во Шабац, Ваљево, Ужице, до Ниш, Лесковац на југот на земјата и Зајечар и Бор на истокот.
Протести имаше дури и во статистички, неразвиените општини, но и во оние каде партиите на власт имаат апсолутно мнозинство.