Во Италија започна казнување на гледачите на пиратска содржина

Италија е една од земјите што најстрого ги казнува не само дистрибутерите, туку и гледачите на пиратска телевизиска содржина, а минатата недела изречени биле над две илјади казни
FILE PHOTO: The Netflix logo is seen on a TV remote controller in this illustration taken January 20, 2022. REUTERS/Dado Ruvic/Illustration/File Photo/File Photo

Гледањето нелегална IPTV е најраспространетата форма на дигитално пиратство во моментов во Европа. Во многу земји, властите првенствено се занимаваат со откривање на дистрибутери на нелегални услуги и оние кои заработуваат пари со емитување на содржина на други луѓе без права за неа.

Сепак, пред две години Италија, отиде чекор понатаму, спроведувајќи закон со кој се казнуваат оние кои „само“ консумираат пиратска содржина – граѓани за кои е докажано дека користеле една од пиратските IPTV услуги и на тој начин гледале украдени ТВ емисии, филмови и спортски преноси.

Неодамна, во Италија беше постигнат договор меѓу државното обвинителство, регулаторот на телекомуникацискиот пазар AGCOM и финансиската полиција (Guardia di Finanza), според кој тие можат да разменуваат податоци за гледачите на нелегални IPTV услуги. Не е објавено точно како се собираат овие податоци, но се претпоставува дека полицијата ги добива преку рации врз самите дистрибутери, а врз основа на податоците за претплатниците, ги идентификува граѓаните кои го кршат законот.

Минатата недела беше спроведена првата заедничка акција на властите, во која беа идентификувани и казнети 2.282 претплатници на пиратски услуги. Ова е првиот конкретен резултат од нивната соработка, објавен на прес-конференција од страна на финансиската полиција, која соопшти дека казните ги опфаќаат граѓаните од целата земја и дека на повеќето им е изречена почетна казна од 154 евра.

Сепак, доколку повторно бидат „фатени“ како користат нелегални услуги, повторните прекршители ќе добијат значително построга казна до 5.000 евра.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни