Во Истанбул 150 повредени: Издадено предупредување за можен посилен земјотрес

Според турското Министерство за внатрешни работи, нема жртви, а станбените згради главно останале неоштетени. Сепак, eкспертите предупредуваат дека во блиска иднина е можно да следи уште посилен земјотрес, со јачина до 7 степени.
epa12048967 People with their belongings sit in a park after a powerful earthquake in Istanbul, Turkey, 23 April 2025. Turkey's largest city has been rocked by a series of earthquakes, including a 6.2-magnitude tremor that shook buildings and forced residents to evacuate apartment blocks. There were no initial reports of significant damage or casualties. EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Околу 150 лица се повредени во земјотрес со јачина од 6,2 степени кој ја погоди областа на Истанбул во средата. Паника владееше низ градот, а стравот од понатамошни потреси ја зголеми загриженоста кај околу 16 милиони жители на овој мегалополис.

Според турското Министерство за внатрешни работи, нема жртви, а станбените згради главно останале неоштетени. Сепак, eкспертите предупредуваат дека во блиска иднина е можно да следи уште посилен земјотрес, со јачина до 7 степени.

Главниот удар траел околу 13 секунди, предизвикувајќи масовна паника – луѓе бегаа од своите домови, а некои дури и скокале низ прозорци. Повеќето повредени страдале поради падови или панични реакции. Никој од повредените не е во животна опасност.

Во градот имаше прекин на телекомуникации и интернет, а сообраќајот беше блокиран на главните патишта. Граѓаните се собраа во градските паркови, одбивајќи да се вратат во своите домови. Властите ги повикаа граѓаните да останат смирени и да се држат подалеку од оштетени објекти. Турскиот министер за транспорт, Абдулкадир Уралоглу, изјави дека не се пријавени штети на автопати, аеродроми, железници и метро системи. Претседателот Реџеп Таип Ердоган на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) рече дека надлежните институции „внимателно ја следат ситуацијата“.

Епицентарот на земјотресот бил во областа Силиври, околу 80 километри западно од Истанбул. Земјотресот се случил во 12:49 по локално време, на длабочина од 6,92 километри, соопшти AFAD (турската агенција за вонредни ситуации). По главниот потрес следеле повеќе од 50 последователни потреси, најсилниот со јачина од 5,9 степени. Земјотресот бил почувствуван и во делови на Грција, блиску до границата со Турција.

Во февруари 2023 година, Турција беше погодена од најсмртоносниот земјотрес во современата историја – 7,8 степени, со над 55.000 жртви и над 107.000 повредени на југот на Турција и северот на Сирија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни