Во експлозијата во големото иранско трговинско пристаниште во сабота загинале најмалку 40 луѓе, а повеќе од 1.000 се повредени, пренесуваат иранските медиуми новиот биланс на жртви.
„Досега 40 луѓе починаа од повреди предизвикани од експлозијата“, изјави за новинарите Мохамед Ашури, шеф на провинцијата Хормозган (југ), каде се наоѓа пристаништето Шахид Раджаи, блиску до приморскиот град Бандар Абас.
Експлозијата се случила веројатно поради пожар во складиште на опасни и хемиски супстанции, според соопштението на царинската служба.
Експлозијата се случила во сабота во време кога иранската и американската делегација воделе во Оман трет круг на преговори за иранскиот нуклеарен програм.